23 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Oсмани: Со отворањето на преговорите, ЕУ ќе ја демонстрира улогата на геостратешки играч

Скопје-Берлин-Софија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи во поход за поддршка за деблокирање на пристапниот процес на Македонија со ЕУ.

Тој денеска во Берлин со сретна со германската државна министерка надлежна за Европа, Ана Лирман, како и со Јенс Плетнер, советникот за надворешна политика на германскиот канцелар Шолц и Михаил Рот и Антон Хофрајтер, претседатели на комисиите за ЕУ во германскиот Бундестаг, кои ја реафирмираа германската позиција и поддршка во однос на нашето европско досие.

-Ја информирав германската Влада и Парламентот за текот на разговорите со Република Бугарија, притоа констатирајќи дека е време Бугарија да покаже стратешко лидерство со цел да се прекине овој токсичен круг на односи којшто се провлекува со години и остава трајни последици помеѓу граѓаните од двете страни на границата. А секако и ЕУ да преземе статешко лидерство кон регионот заради тоа што овие историски моменти го наметнуваат токму тоа, изјави Османи од Берлин.

Од Берлин, шефот на дипломатијата заминува за Софија, но засега не се знае која ќе биде агендата на неговата посета и дали и со кого се ќе се сретне од бугарските политичари. Османи за Канал 5 само кратко најави точни детали за неговата агенда за подоцна. Во исчекување на попрецизни информации за агендата на Османи во Софија, од ЕК објавија дека еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, утре ќе пристигне во Софија како дел од неговата турнеја на земјите од регионот. Според календарот на активностите од Софија Вархеји задутре ќе допатува во Скопје.

Еврокомесарот утре ќе се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, а ќе учествува и на форумот „ЕУ се среќава со Балканот, на кој во Софија се собираат европски лидери и политичари. Темите на разговорите не се откриваат, иако е извесно дека македонско-бугарскиот спор ќе се најде на маса пред европскиот дипломат и бугарскиот државен врв.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles