8.7 C
Struga
Wednesday, April 24, 2024
spot_img

Честит 8 септември – Денот на независноста!

На 8 септември 1991 година се одржа референдумот кој резултираше со прогласување на независноста на Македонија од тогашната држава Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Денес сме независна, суверена и меѓународно призната држава и полноправна членка на ООН. Граѓаните, со слободна волја, уште пред 32 години се одлучија за друга историска насока, спрема западните и демократските вредности, спрема економскиот, социјалниот, политичкиот и културниот развој и просперитет.

Денес, на овој празничен ден, мораме уште повеќе да се посветиме на остварување на стратешките цели на нашата земја: првата цел ја постигнавме со тоа што станавме членка на најмоќниот воен и политички блок НАТО, додека втората цел ќе ја реализираме веднаш по отворањето на поглавјата со ЕУ. Така, заедно гарантираме безбедност и економски развој!

32 години самостојна држава Република Северна Македонија!

Нека ни е честит празникот 8 Септември – Денот на независноста!

Градоначалник, д-р Рамис МЕРКО

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles