10.3 C
Struga
Saturday, April 27, 2024
spot_img

Бесими: Со прераспределба во Буџетот обезбедуваме повисоки плати, пензии, субвенции, инвестиции и нов пакет на антикризни мерки

Повисоки плати за 10% во цела јавна администрација како и исплата на К-15, повисоки пензии за пензионерите, повеќе средства за социјална помош, средства за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет на антикризни мерки обезбедуваме со Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година, што денеска беше усвоена на седница на Владата и ќе биде доставена до Собранието на усвојување.

Ова го соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска на прес-конференција, на која истакна дека средствата за овие цели се обезбедуваат преку реалокација и дека тоа се прави со Одлука за прераспределба, а не со ребаланс на Буџетот од причина што до крајот на годината се очекува во ист номинален износ реализација на приходната и расходната страна, согласно проектираното во Буџетот за 2023 година.

„Пристапивме кон овие реалокации на средства, главно во интерес на социјалниот аспект, односно главните реалокации се токму во насока на поддршка на граѓаните и стандардот – покачувањето на платите во јавниот сектор, К-15, пензиите, социјалните трансфери, субвенциите за земјоделците, деветтиот пакет антикризни мерки. Нашата цел е поддршка за граѓаните за што е можно повеќе да ги олесниме ценовните притисоци. Воедно, ја задржуваме развојната компонента на Буџетот, со повисоко ниво планирани капитални инвестиции во однос на буџетскиот дефицит. Исто така, се реалоцираат дополнителни средства за поддршка на компаниите, како странски, така и домашни“, истакна министерот и додаде дека стратегијата е заздравување на економијата пред се, заштита на стандардот на граѓаните, а понатаму и забрзување на растот.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles