Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Струга присуствуваше на настан посветен на отпочнувањето со реализација на регионалната програма за миграции – Хуманитарен аспект на мешани миграциски текови, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, поддржана и финансирана од страна на Швајцарскиот Црвен крст, Швајцарската Агенција за Развој и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
,,Република Северна Македонија во изминативе неколку години, во соработка со земјите од регионот, со ЕУ, со низа релевантни меѓународни асоцијации и организации специјализирани за проблематиката со миграциите, активно учествуваше и се етаблираше како важна алка во креирањето и градењето на нови нормативни, системски и други мултилатерални решенија во насока на подготвеност при евентуални мигрантски кризи. Натамошната активност на институциите, како што е и Црвениот крст, и во делот на миграциите, не само што е потребна, туку и неопходна.,, -изјави Спасовски
![](https://strugaonline.mk/wp-content/uploads/2022/10/%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80-%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8-2.jpg)
Тој во свое име и во име на МВР посака успешна и плодна работа во континуираното надградување на човечките ресурси и изрази уверување дека со новите знаења од областа на миграциите уште поквалитетно ќе се инкорпорираат во системот за превенирање на бегалските кризи, особено во делот на хуманитарната помош.