18 C
Struga
Saturday, April 27, 2024
spot_img

Mаричиќ е оптимист за усвојување на уставните измени до крајот на годината

Серијата високи посети на дипломати од земјите –членки на ЕУ ќе продолжи и во октомври за кога е најавено во Скопје да пристигне шефицата на ЕК Урсула Фон дер Лајен – најави вицепремиерот Бојан Маричиќ. 

Вели дека очекува земјава навремено да ги направи уставните измени и додаде дека не очекува Македонија потоа да се соочи со нови бугарски барања. Според него, досегашните комуникации со бугарската влада, не укажувале дека од земјава ќе се бара нешто повеќе од тоа што е запишано во преговарачката рамка, заклучоците на Советот и протоколот.

-Очекуваме посета од претседателката на ЕК така што тоа секако ќе продолжи и треба да продолжи. Нема Бугарија да вади дополнителни причини за блокирање, ако ние си ја завршиме задачата. Доколку во најлош случај дојде до тоа, тие би се соочиле со сериозен притисок од заедницата. Мислам дека има добра волја од страна на новата влада да нема дополнителни прашања што ќе го забават процесот, изјави Бојан Маричиќ – Вицепремиер за евроинтеграции.

Маричиќ истакна и дека земјава работи на тоа патоказите и акциските планови да бидат завршени истовремено со уставните измени, за Македонија да продолжи по евроинтегративниот пат. Владата како што кажа тој, нема да се откаже од обидите да бидат усвоени уставните измени, за кои посочи дека е важно да се случат годинава бидејќи идната е изборна година и во ЕУ, но и во Македонија. Подготвени се и на дополнителни разговори со опозицијата.

-Поканата за разговор е секогаш отворена, немаме сега намера за лидерска средба. Каналот за комуникација не треба да се затвори, па ако има желба од опозицијата за лидерска средба, нема да бидат одбиени, изјави Бојан Маричиќ – Вицепремиер за евроинтеграции.

На брифинг со новинарите, вицепремиерот откри и дека денеска ќе ја има првата средба со оценувачката мисија од ЕУ за судскиот совет. Сепак, Маричиќ посочи дека таквиот вид на мисии се редовен нормален инструмент на Европската Комисија за подобрување на работата во одредени области или институции. Македонија како што кажа тој, изминатите осум години имала над десет такви мисии, а оваа е втора по одржувањето на првата меѓувладина конференција.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles