Како дел од таканаречениот Берлински процес, в четврток во Берлин ќе се одржи самит на Западен Балкан, соопшти кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц.
На Самитот ќе присуствуваат премиерите на шесте земји од Западен Балкан, претседателите на Европската Комисија и на Европскиот Совет, неколку членки на Европската Унија од регионот, како и највисоките претставници на регионалните и меѓународните организации.
Целта на процесот е да се забрза соработката со шесте земји од Западен Балкан и интеграцијата на регионот во ЕУ. Иницијативата главно се фокусира на решавање на билатералните и внатрешните проблеми во регионот и подобрување на економската соработка, која би била основа на одржливиот развој на регионот.