16 C
Struga
Wednesday, June 26, 2024
spot_img

Претседателот на Собранието Џафери е одликуван со Орден од украинскиот претседател Зеленски

Претседателот на Украина  Володимир Зеленски потпиша указ за одликување на неколку странски политичари со Орденот на кнезот „Јарослав Мудриот“. И претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери е одликуван со овој Орден.

Како што потврдија за МИА од Собранието на Република Северна Македонија, одликувањето ќе му биде врачено на претседателот Џафери во Загреб, на конференцијата на Кримска платформа, што ќе се одржи на 25 октомври годинава.

Медиумите во Украина објавија дека соодветната уредба бр.734/2022 е објавена на веб-страницата на шефот на украинската држава.

Како што е објавено, со Орденот на кнезот Јарослав Мудриот, се одликувани и Ненси Пелоси од САД, Бас Бербел од Сојузна Република Германија, како и повеќе политички личности од Полска, Норвешка, Ирска, Швајцарија, Франција, Естонија, Литванија и Хрватска. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles