15.7 C
Struga
Wednesday, May 22, 2024
spot_img

46 загинати во железничката несреќа во Грција

Седум јагленосани тела на патници биле утрово извлечени од остатоците од еден од вагоните, со што бројот на загинати во железничката несреќа во близина на грчкиот град Лариса се зголеми на 46 лица. 

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по евентуално преживеани. За исчезнати се водат над 20 лица.

Шефот на станицата во Лариса кој вчера беше уапсен,  презел одговорност за несреќата. Според неговиот адвокат признал дека ги пратил патничкиот и товарниот воз на иста шина, а грешката ја забележал предоцна. 

Железничарите во Грција излегоа на протести и ги обвинија властите дека со години не се интересираат за железничкиот систем, а министерот за транспорт Костас Караманлис си поднесе оставка. Рече дека презел се што може за да ја подобри железничката мрежа која како што истакна  е „во состојба што не е соодветна за 21 век. 

Синоќа во Атина, Солун и Лариса се одржа насилни граѓански протести. Демонстрантите бараа одговорност за несреката, скандирајки дека трегадијата била само прашање на време. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles