18 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

24-годишен пијан возач кај Подмоље преминал во спротивна лента предизвика нова жртва во сообраќајот- настрада 30годишен охриѓанец

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, 24-годишен жител на селото Белчишта, општина Дебрца, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Поведувањето на постапката следи откако јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид, во координација со увидна екипа од МВР, изврши увид на самото место на сообраќајна несреќа , која се случи утринава после полноќ,  на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје.

Несреќата се случила кога осомничениот, управувајќи патничко моторно возило „Ауди А6“  со охридски регистарски ознаки,  не се придржувал на условите на патот, не ги почитувал сообраќајните прописи и во видно алкохолизирана состојба, преминал во лентата од коловозот наменета за движење на возила од спротивен правец.

Во тој момент со возилото удрил во возило „Фолксваген поло“, управувано од 30-годишно лице од Охрид.  Од ударот настанале тешки повреди кај возачот на автомобилот „Фолксваген поло“ поради кои настапила смртна последица.

Веднаш по увидот, јавниот обвинител издаде насоки и наредби за прибирање на траги од местото на настанот, за утврдување на количество на алкохол во крвта на осомничениот, за сообраќајно – техничко вештачење, како и за обдукција на телото на починатиот.

МВР соопшти дека и возачот кој ја предизвикал несреќата е тешко повреден:

-На 21.02.2022 година во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди“ управувано од М.Л.(24) од селото Белчишта, општина Дебарца и „Фолксваген Поло“, управувано од Х.К.(30) од Охрид. На местото на несреќата починал возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека, М.Л.-возач на возилото „Ауди“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Сообраќајната несреќа се случила на патот Охрид-Кичево кој се гради веќе 8 години со што е значително намалена безбедноста на овој фреквентен правец.

Во емисијата КОД од 13.02.2022. во истражување за изградбата на патот Кичево-Охрид, од СВР Охрид изјавија дека „во последните 2 години на оваа делница во изградба се случија  20 сообраќајни несреќи, 4 лица го изгубија живот,  21 лице  се здоби со тешки телесни повреди,а 10 се полесно повредени-Конкретно на овој патен потег основна причина за сообраќаните незгоди е неприлагодена брзина, управување на патничко моторно возило со брзина поголема од дозволената, секако и не управување на моторно возило согласно условите на патот, изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид. Во емисијата и ТВ приказна за долгиот судски процес за несреќата кај Ласкараци со 16 жртви, како и гостување на судскиот вештак Дејан Трпевски за слабостите на системот за сообраќајни вештачења.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles