18 C
Struga
Saturday, April 27, 2024
spot_img

Џафери се сретна со претседателката италијанскиот Сенат, Казелати

Во рамките на работната посета на Италија, претседателот на Собранието , Талат Џафери, оствари средба со Мариа Елизабета Алберти Казелати, претседателка на Сенатот на Италијанската Република.

Претседателката Казелати, во име на сенаторите, посака топло добредојде на претседателот Џафери и делегацијата и ја поздрави динамичната соработка меѓу двете држави, која се одвива во континуитет со посети на високи државни делегации од двете земји. Италија е земја осведочен пријател на Македонија, која даваше безрезервна поддршка за зачленувањето на земјата во НАТО. Со членството во НАТО, нашата земја придонесува кон стабилноста на целиот регион на Западен Балкан, а со новиот воен конфликт во срцето на Европа, оваа остварена цел добива силно стратешко значење. Воедно, во контекст на европските интеграции, таа изрази јасно уверување дека претстојниот состанок на Европскиот совет ќе значи чекор напред во однос на приемот на Македонија во ЕУ, за што Италија дава поддршка во континуитет.

Претседателот Џафери се осврна на одличните билатерални односи меѓу двете држави, кои со потпишувањето на Протоколот за парламентарна соработка меѓу Собранието на Македонија и Домот на пратеници на Италијанската Република, отвораат нова динамична агенда во насока на креирање на можности за интензивна соработка на парламентарен план. Ја подвлече улогата на Италија како важен политички и економски партнер на Македонија, а особено значајна за нас е силната италијанска поддршка, како во периодот на осамостојувањето, така и во сите клучни фази на нашите евроатлантски интеграции. Се согласи со претседателката Казелати дека војната што сега беснее во срцето на Европа, која по падот на Берлинскиот ѕид никој не ја очекуваше, ќе остави силни последици по глобалната безбедносна архитектура. Сите овие предизвици уште повеќе ја наметнуваат потребата од целосна европска интеграција на Македонија, но и останатите земји од Западен Балкан и е прашање на кое ЕУ треба многу сериозно да пристапи и да процени дека секое одолговлекување на процесот на проширување ќе значи натамошно влошување на ситуацијата, кое ќе се рефлектира како на економски и енергетски план, така и на политички план.

Двајцата соговорници ги истакнаа сите предности на парламентарната дипломатија – на билатерален и мултилатерален план, кои ќе придонесат кон заеднички пристап на државите во надминувањето на сите предизвици наметнати од пандемијата и војната во Украина, бидејќи последиците се рефлектираат на сите земји подеднакво, и тука не само што е потребна сплотеност на земјите од европскиот континент, туку и на големите светски сили.

Во контекст на нашата дијаспора во Италија, која брои речиси 100,000 граѓани, претседателот Џафери изрази благодарност за односот кој Италијанската држава го има кон неа и укажа на потребата од побрзо завршување на процедурите во двата дома на Италијанскиот парламент во однос на потпишаниот Договор за социјална соработка од 2015 година.

Претседателот Џафери, во контекст на претстојното одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, упати покана до претседателката Казелати да ја посети Македонија и изрази очекување дека ќе бидат реализирани посети на претседателско и премиерско ниво од италијанска страна, се наведува во соопштението од Собранието.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles