16.8 C
Struga
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Јанакиески осуден на 3,5 години затвор за „Топлик“

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, каде од Обвинителството беше гонет за злоупотреба на службената положба и овластување. 

Димитар Димовски кој бил член на комисија која спроведувала јавно наддавање за „Сончев град“ а беше и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доби условна осуда односно казна затвор од две години ако го повтори делото.

Од другите членови на комисијата, Томче Ѓурчилов доби казна затвор од три години. Веса Томчевска е осудена на условна казна, а ќе издржува две години затвор ако во следните пет години направи ново кривично дело , Димитар Ѓаќев доби условна осуда а казна затвор од 2 години ако во рок од пет години направи ново кривично дело и Марица Тасева е осудена на условна осуда, а казна затвор од 2 години ако во рок од пет години направи ново кривично дело.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles