4.8 C
Struga
Friday, April 26, 2024
spot_img

Шефот на НАТО ја пофали германската поддршка за Украина пред средбата во Букурешт

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја пофали поддршката на Германија за одбраната на Украина од руската инвазија, во изјава за неделното издание на германскиот весник „Велт“, два дена пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Алијансата во Букурешт.

„Силната поддршка на Германија прави одлучувачка разлика“, рече Столтенберг.

Германија претходно беше постојано критикувана од високи украински функционери дека бавно обезбедува воена опрема и затоа што одбива да испрати тешко оружје.Столтенберг рече дека германската опрема спасува животи во Украина.

Сепак, тој додаде дека „сите мора да ја задржиме нашата поддршка за Украина и да ја зголемиме“.

Столтенберг рече дека рускиот претседател Владимир Путин реагира на повлекувањето на неговата војска со „зголемена бруталност“.

Како пример, тој го наведе таргетирањето на украинската енергетска инфраструктура во пресрет на зимата.

„Путин се обидува да ја искористи зимата како оружје, но нема да успее“, додаде шефот на НАТО.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles