11 C
Struga
Friday, May 3, 2024
spot_img

ЦУК: Изгаснат e пожарот кај автопатот на делницата Скопје – Гостивар

Изгаснат е пожарот каде што гореше сува трева наспроти бензинската пумпа „Бунар петрол“ во општина Гостивар, соопштија од регионалниот ЦУК Тетово.

„Конкретно, по дојавата на 112 во ЦУК и известувањето на пожарникарите од ТППЕ Гостивар околу 12.15 часот, веднаш се дејствуваше на терен со едно противпожарно возило, камион и три пожарникари за гаснење на пожарот. Локациски пожарот беше наспроти бензинската пумпа ‘Бунар петрол’, на десната страна на автопатот на делницата Гостивар – Тетово“, велат од таму.

Како што посочија, пожарот е изгаснат целосно околу 13.10 часот и екипите се вратени во својата база.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles