17.4 C
Struga
Sunday, May 19, 2024
spot_img

Цените на нафтата на меѓународните пазари останаа под нивото од 77 долари, попречени од стравувањата дека слабеењето на економијата во САД, Европа и Кина ќе ја ограничи побарувачката.

На лондонската берза цената на барелот по пладне беше за 41 цент повисока од вчерашното затворање на пазарот и изнесуваше 76,56 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по 36 центи поскап, по 71,82 долари.

Трговците се фокусираат на економијата во контекст на прогнозите дека американската централна банка следната недела ќе ги зголеми каматните стапки за половина процентен поен за да ја спречи инфлацијата. Повисоките трошоци за задолжување би ја забавиле економската активност, што би значело и послаба побарувачка за нафта.

И Европската централна банка (ESB) ќе го следи примерот на ФЕД, и покрај фактот дека економијата на еврозоната речиси сигурно веќе е во рецесија.

Во Кина, пак, зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус веројатно ќе го намали економскиот раст во следните неколку месеци, и покрај олеснувањето на одредени епидемиолошки мерки, според економистите, кои предвидуваат закрепнување на активноста само во втората половина од 2023 година.

Во такви услови, цените на нафтата кај договорите со пократок рок на испорака беа пониски од оние со датуми за испорака за шест месеци, што сигнализира дека трговците очекуваат послаба побарувачка.

Цените денеска не реагираа на затворањето на гасоводот Keystone во САД поради истекување нафта, поради проценките на трговците дека испораките ќе продолжат наскоро. Друга пречка е запирање на танкерите во Босфор поради зголемените турски безбедносни проверки.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно извести дека цената на барел од нафтената кошничка на нејзините членки вчера паднала за 1,83 долари на 75,3 долари.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles