19 C
Struga
Tuesday, April 30, 2024
spot_img

ФОТО галерија: Лајлс нов крал на светскиот спринт

На Светското првенство во атлетика што се одржува во Будимпешта денеска беа доделени медали во пет дисциплини.

Американецот Ноа Лајлс е нов светски првак на 100 метри, а првото злато на најкусата патека стигна со ново најдобро постигнување во досегашниот тек од сезоната.

Во скок во далечина кај дамите триумф на Ивана Вулета од Србија, која за прв пат стигна до мундијалско злато, а во седмобој најдобра беше Британката, Катарина Џонсон Томпсон.

Во фрлање кладиво златен медал за Канаѓанецот, Етан Кацберг и успеа да ја прекине доминацијата на Павел Фајдек, кој имаше низа од пет последователни најсјајни одличја на Светските првенства.

Во трката на 10.000 метри прв низ целта мина Џошуа Чептеги од Уганда, а во претпладневната програма во одење на 20 километри во женска конкуренција златиот медал и припадна на Марија Перез од Шпанија.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles