21.3 C
Struga
Sunday, June 23, 2024
spot_img

„Форбс“: Русија досега потроши 82 милијарди долари на војната во Украина, дневно троши меѓу 10 и 50 илјади гранати

Проценките на „Форбс“ укажуваат дека Русија досега потрошила 82 милијарди долари на војната во Украина, што е четвртина од нејзиниот годишен Буџет.

Во сумата се вклучени само директните трошоци на руската воена операција, но не и трошоците за одбрана или економските загуби што се предизвикани од западните санкции. Магазинот тврди дека истовремено се намалуваат буџетските приходи од извоз на нафта и гас, откако Русија загуби голем дел од европскиот пазар, пренесува „Скај њуз“.

Трошоците за војната се дуплираа во текот на есенва, па Русија сега троши најмалку 10 милијарди долари месечно на својата инвазија. Трошоците предизвикани од инвазијата опфаќаат плати на воени сили, отштета за загинатите и ранетите во борбите, купување или производство на оружје и муниција, како и замена за загубената опрема.

„Форбс“ наведува дека Русија потрошила над 3,5 милијарди долари за компензација на загинатите и ранетите за време на последниот месец од војната. Магазинот, исто така, пресметла дека Русија троши меѓу 10 и 50 илјади гранати на ден. Просечната цена на половни гранати од советски калибар се проценува на околу 1.000 долари.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles