16 C
Struga
Tuesday, May 7, 2024
spot_img

Училишната година продолжува до 14-ти јуни

Наместо на 9-ти учебната година ќе заврши на 14-ти јуни. Според министерот за образование децата ќе учат три дена плус за да се одработат 180-те наставни дена. Причина за ова е продолжувањето на зимскиот распуст.

-18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Што значи дека иако, освен 10-ти, има три работни наставни денови, не гледам причина да има некаков проблем, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

И од Комисијата за заразни болести сметаат дека второто полугодие треба да започне идниот понеделник иако периодов има голем број болни деца од грип и останати сезонски вируси. Од Комисијата велат дека за сега епидемиолошката состојба според сите извештаи на ИЈЗ е стабилна и вообичаена за овој период од годината.

-Дури таму 7 или 8 та недела од 2023 година се очекува да имаме повеќе инфекции карактеристични за периодов, можеби тој период ќе имаме причина да разговараме посериозно, но повторно ќе треба да ги разгледаме извештаите тој период. Но, не можеме со сигурност да кажеме како ќе биде наредните 5-6 недели, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Инаку, Владата минатата недела донесе одлука второто полугодие наместо в среда да започне во понеделник на 23 јануари поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles