По повод новогодишните празници учениците од текстилно-кожарска струка-техничар за изработка на облека и учениците од хемиско-технолошка струка,прехрамбен техничар од СОУ ,,Нико Нестор“- Струга под мотото ,,Од деца за деца” одлучија својата хуманост да ја преточат во изработки кои ќе внесат радост и надеж во просториите на детското одделение при општа болница Струга.
,,Се надеваме дека со оваа активност ќе поттикнеме хуманост и кај другите луѓе,да покажеме грижа таму каде што е најпотребна.
Среќни празници!,,-велат од училиштето.