15 C
Struga
Friday, April 26, 2024
spot_img

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Околу пладне и попладне особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови ќе се задржи многу топло време со максимални температури над просекот за овој период од годината, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, велат од УХМР.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles