Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд.
Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.
Во петок долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северозападен ветер. За време на викендот температурата значително ќе се намали, а времето ќе биде облачно, во недела со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, велат од УХМР.