17.7 C
Struga
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Утре изутрина во земјава одделни котлини особено во западните делови ќе има магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде претежно сончево и потопло.

Ќе дува слаб ветер од северозападен правец поизразен во претпладневните часови. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје преку денот претежно сончево, а наутро со услови за слаба магла. Претпладне со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во наредните денови ќе пропдолжи периодот на стабилно време со повисоки дневни температури, а значително повисоки температури за овој дел од годината ќе има на планините во понеделник и вторник.

Во следните денови во утринските часови понекаде во котлините ќе се задржи умерено облачно и магливо што ќе услови пониски дневни температури.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles