7 C
Struga
Tuesday, March 19, 2024
spot_img

Утре започнува најскапиот фудбалски мундијал

Во недела, на 20 ноември, во Катар ќе започне Светското фудбалско првенство, а првиот натпревар ќе го одиграат домаќинот Катар и Еквадор во групата „А“,Натпреварот со кој се отвора Мундијалот ќе го суди 46-годишниот италијански судија Даниеле Орсато. Натпреварот на стадионот Ал Бајт со капацитет од 60.000 седишта е закажан за 17 часот.

На еден од најголемите спортски настани во светот ќе се натпреваруваат вкупно 32 репрезентации и тоа од 20 ноември до 18 декември.  

Домаќинот кој организацијата ја доби пред цели 12 години како најмала земја организатор вели дека се е подготвена за спектаклот. 

Организаторите предвидуваат дека во Катар ќе пристигнат повеќе од еден милион навивачи, а се наведува дека досега се продадени 2,9 милиони од 3,1 милион билети.

Титулата светски првак ја брани Франција која пред четири години во финалето во Москва ја совлада Хрватска со 4-2.

Бразил е рекордер со пет шампионски титули, но „Селекао“ ја чека круната од 2002 година и првенствата во Јужна Кореја и Јапонија.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles