20 C
Struga
Sunday, April 28, 2024
spot_img

Утре германскиот канцелар Олаф Шолц треба да го посети Скопје, а оттука да замине и за Софија

Утре германскиот канцелар Олаф Шолц треба да го посети Скопје, а оттука да замине и за Софија. Шолц денеска ја почнува дводневната турнеја низ западен Балкан.

Во фокусот на неговата балканска турнеја, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе биде европската перспектива на земјите од западен Балкан и заедничката реакција на руската агресија врз Украина.

Денеска првата станица на канцеларот е косовскиот главен град Приштина. Неговата агенда се посети на Косово и Србија. Во Приштина ќе ги посети и германските војници во рамките на КФОР.

Потоа ќе замине во Белград каде ќе има разговори со државниот врв на Србија. Вечерта, па, ќе отпатува за Грција на покана на неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис каде во Солун ќе присуствува на вечера со претставниците на земјите о регионалната иницијатива „процес за соработка во јогоисточна Европа“ на самитот ќе присуствува и премиерот Димитар Ковачевски, а во делегацијата со него ќе бидат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles