20 C
Struga
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Утврден моделот за намалување на цената на патарините

Моделот за намалување на цената на патарините е готов. Транспорт и Јавното претпријатие за државни патишта ја завршиле анализата и ја доставиле до Влада. Меѓутоа, ниту една институција не открива за колку ќе се намали нивната цената.

Сител дознава дека предлогот превдвива намалување на коефициентот на наплата, но Транспорт не открива за колку тој ќе се намали. Оттаму добивме само кус одговор без премногу детали.

-Министерството за транспорт и врски во соработка со ЈП за држави патишта изготви предлог модел за намалување на патарината со анализа за финансиското влијание врз буџетот на Јавното претпријатие. Предлогот е доставен до членовите на Владата на разгледување, велат од Транспорт и врски.

Намалување на коефициентот за наплата ќе значи дека намалувањето нема да биде линеарно. Поевтинувањето ќе зависи од патарина до патарина, со оглед на тоа што и во овој момент цените се различни.

Последниот збор ќе го има Владата, но кога овој предлог ќе се најде на маса пред министрите засега не се знае.

Пред речиси еден месец министерот Бочварски по серијата прилози на Сител најави намалување на цената на патарините. Во гостување во „Тема на денот“ рече дека ќе биде разработен модел за да се види колку и дали може да се поевтини употребата на автопатиштата.

Анализите на Сител покажаа дека многу малку се знае каде се трошат милионските суми кои Државни патишта годишно ги инкасира по основ на наплата на патарините. Политичарите велат дека се свесни оти тие се силен удар за џебот на граѓаните, но партиите имаат поделени мислења за како да се направи поправеден систем на наплата.

Во меѓувреме, пратениците го одбија предлогот на Левица за намалување на цената на патарините за 50 отсто.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles