16 C
Struga
Saturday, April 27, 2024
spot_img

УНХЦР: Бројот на присилно раселени лица се искачи на рекордни 110 милиони луѓе

Војната во Украина, конфликтите и насилствата кои ги има во други држави, дискриминацијата, но и климатски промени се причините поради кои бројот на луѓе во светот кои биле принудени да ги напуштат своите домови достигна рекордни 110 милиони, велат од Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР).

Во извештајот на УНХЦР, објавен денеска, се наведува дека до крајот на 2022 година, бројот на лица раселени поради војна, прогон, насилство и прекршувањата на човековите права изнесува рекордни 108,4 милиони, што е за 19,1 милиони луѓе повеќе во однос на претходната година и е најголем пораст досега.

Нагорната траекторија на глобалното принудно раселување, се додава во извештајот, оваа година не покажува знаци на забавување, бидејќи ерупцијата на конфликтот во Судан предизвика нови одливи, зголемувајќи го глобалниот вкупен број на околу 110 милиони до мај.

„Овие бројки ни покажуваат дека некои луѓе премногу брзо се втурнуваат кон конфликти, а премногу бавно наоѓаат решенија. Последицата е пустош, раселување и мака за секој од милионите луѓе насилно истерани од своите домови“, вели високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles