15 C
Struga
Saturday, May 11, 2024
spot_img

Украина сепак ќе преговара со Русија- преговори на украинско -белоруската граница  

Украинската делегација оди во Белорусија на разговори со Русија, изјави помошникот на Путин.

Соопштението доаѓа само неколку минути откако истече рокот што претходно го постави руската делегација за почеток на преговори со Украина.

Делегацијата на Украина оди во Белорусија на преговори со Русија, изјавија помошникот на претседателот Путин и шефот на руската делегација Владимир Медински, пренесе Спутник.

-Веќе имавме намера да заминеме, но добивме информација од украинска страна за потврда на преговорите“, прецизира Медински.

Според последните информации преговорите нема да бидат во Гомел туку на украинско белоруската граница. 

Александар Лукашенко попладнево телефонски разговарал со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

-Политичарите се договориле украинската делегација да се сретне со руската делегација без предуслови на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат.

Александар Лукашенко ја презеде одговорноста да се погрижи сите авиони, хеликоптери и ракети стационирани на територијата на Белорусија да останат на теренот за време на патувањето, разговорите и враќањето на украинската делегација.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles