11.3 C
Struga
Monday, May 6, 2024
spot_img

Уапсени повеќе дилери во Македонија – пронајдена марихуана, бела прашкаста материја, семки од канабис

Во текот на вчерашниот ден во 10.00 часот во с.Железница, кратовско, полициски службеници од Полициската станица Кратово го лишиле од слобода Д.М.(29) с.Железница. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од марихуана и пари во различни апоени. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така вчера во 13.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Д.Ш.(28) од Кичево. При претрес во неговиот дом и други простории во Кичево и во с.Цер, кичевско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана. Д.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.05.2023, полициски службеници од СВР Велес, со судска наредба, извршиле претрес во домот на С.Т.(48) од Велес. При претресот биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и два шприца со кафеава течност. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles