10 C
Struga
Friday, May 3, 2024
spot_img

Топлотен бран: Зголемен бројот на повици во Брзата помош

Веќе два дена земјава е во портокаловата фаза. Синоптичарите предвидуваат дека температурите ќе достигнат и до 43 Целзиусови степени. Тоа значи повеќе работа за Брза Помош, каде во овој период има повеќе повици за помош. Милица Бубало вели дека за разлика од минатите лета, бројот на повици не е многу голем, но се уште е рано бидејќи денеска е втор ден кога температурите доживеале екстремен пораст.

Портокаловата фаза ќе трае четири дена и на сила се мерките кои служат за заштита на здравјето на најранливите категории граѓани во овие топли денови. Трудовиот инспекторат за два дена направил 90 инспекциски надзори, при што донел 12 одлуки за почитување на препораките и 26 за забрана на работа.

„Општите мерки кои треба да се почитуваат се: ослободување од работни обврски за најранливите групи како што се бремените жени и лицата над 60 години. Во установите за згрижување деца (детски градинки) не треба да се практикува физичка активност и децата да не се изнесуваат надвор во периодот од 11 до 17 часот“, наведуваат од МТСП.

Овој топлотен бран ќе продолжи најмалку и во текот на наредната недела на целата територија на државата. Од Агенцијата за хидрометеоролошки работи велат дека во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над 35, а на места и над 40 степени, поради што ќе биде активен портокаловото ниво на опасност од високите температури.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles