10 C
Struga
Friday, May 17, 2024
spot_img

Тешко повреден моторциклист на патот Охрид – Струга

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во 16.15 часот било на регионалниот пат Охрид-Струга во која учествувале  патничко возило „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 33-годишно лице од Струга и мотоцикл „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 58-годишен охриѓанец.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира СВР Охрид.

На местото на несреќата звршен бил увид од екипа од СВР Охрид, а извесен период сообраќајот на овој патеннправец се одвиваше отежнато со повремени застои.

Инаку, вчера, во периодот од 19.00 до 24.00 часот, при спроведени засилени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 4 возачи кои надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Контролите во патниот сообраќај ќе бидат интензивирани со цел зголемена сообраќајна безбедност и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот, соопшти СВР Охрид.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles