18 C
Struga
Thursday, May 2, 2024
spot_img

Струшките триатлонци одлични на реномираната трка ,,Roth Challenge“ во Германија

На светски познатата реномирана трка Roth Challenge во Германија, трка на која настапуваат учесници од клубовите од  цел свет до вкупна бројка од над 1000 учесници, овој викенд учество зедоа и  најдобрите струшки триатлонци во категорија ,,деца1# и ,,кадети“, а ги имаа и најдобрите времиња во категориите ,,деца 2“ и ,,јуниори.“

Нов успех за Струга и за Македонија донесоа следниве триатлонци :

1.Јован Кутаносии со освоено прво место категорија Деца1

2. Виктор Опетчески второ место

3.Софија Кутаноска трето место деца 1

4. Стефанија Кутаноска седмо место деца 1

Во категорија кадети Тија Кукунешоска го освои одличното 14 то место од 34 учесници, Матео Мачоски 12 то место од 36 учесници. Во категорија деца 2 Марко Шаврески освои 13-то место од 63 учесници.

Во категорија јуниори Олса Орани 7- мо место од 14 учесници .

,,Ова е само еден одличен резултат на Меѓународно ниво за проверка на нивната форма. Наредниот викенд настапуваме во Опатија, Хрватска, натпреварување што ќе биде уште еден показател за формата и сериозноста на нашите членови за конкурентноста за натпреварот во Америка што ни следува во септември.“-изјави тренрот Никола Кутаноски.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles