Привршуваат активностите за отварање на затворениот безен во Струга.
,,После сите перипетии, работите со затворениот базен се при крај за огромно задоволство на пливачите, ватерполистите, сите спортисти и сите граѓани на Струга.“ – напиша на својот Facebook профил, пратеникот Јован Митрески.
Тој објави фотографии на кои се гледа дека изведбата е во завршна фаза.
Затворениот базен во Струга со години беше нефункционален и вон употреба. Стружани ќе добијат модерен и функционален базен на местото каде 15 години имаше рушевини и смет.