15 C
Struga
Saturday, May 11, 2024
spot_img

Средба меѓу Груби и Гир за процесот на интеграциите на земјава во ЕУ

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби оствари средба евроамбасадорот, Дејвид Гир. На оваа средба се разговараше за процесот на интеграција на земјата во ЕУ по отворањето на преговорите за членство, како и за итната потреба од иницирање на уставни измени и нивно успешно завршување како единствен начин за одржување на втората меѓувладина конференција, соопштија од кабинетот на вицепремиерот Груби.

Оттаму велат дека Груби го информирал амбасадорот Гир дека коалициските партнери веќе ги започнале подготовките за уставни измени и се решени да создадат Алијанса за Европа со сите прогресивни сили во земјава.

Според соопштението, на средбата се разменети мислења и за предизвиците со кои ќе се соочува земјата во процесот на интеграција во ЕУ, особено реформите и владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал како и за очекувањата, но и за конкретните придобивки кои ќе ги имаат граѓаните со полноправно членство во Европската Унија

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles