8.7 C
Struga
Tuesday, March 19, 2024
spot_img

СП2022: ФИФА поради знаме почна дисциплинска постапка против Србија

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека е отворена дисциплинска постапка против Фудбалската федерација на Србија откако знаме на кое Косово е прикажано како дел од територијата на Србија било закачено во соблекувалната пред натпреварот со Бразил на Светското првенство во Катар.

Србија во четвртокот загуби од Бразил со 2-0, а фотографијата со знамето на кое е испишана порака „Нема предавање“ стана вирална на социјалните мрежи откако ја сподели косовскиот министер за култура, млади и спорт Хајрула Чеку.

– Срамни слики од соблекувалната на Србија кои испраќаат пораки на омраза, ксенофобични и геноцидни пораки кон Косово, експлоатирајќи ја платформата на Светското фудбалско првенство, напиша Чеку на својот Твитер профил.

ФИФА соопшти дека постапката против Србија е отворена врз основа на членот 11 од Дисциплинскиот правилник и членот 4 од Правилникот на Светското првенство 2022.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles