16 C
Struga
Sunday, May 19, 2024
spot_img

Со патниците на ГП Блато реализирани превентивни активности за спречување на шумски пожари и заштита од топлотен удар

Со патниците на ГП Блато реализирани превентивни активности за спречување на шумски пожари и заштита од топлотен удар

Полициски службеници при Регионален Центар за гранични работи Запад, односно Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Блато вчера (17.07.2023), во рамки на кампањата „Безбедно лето 2023“, реализираа превентивна активносст посветена на темата „Спречување на појави на шумски пожари и пожари на отворен простор“. Во непосреден разговор со патниците на овој граничен премин полициските службеници ги информираа за најчестите можни причини за настанување на шумски пожари, како и за неопходноста од заштита на шумите како заедничка одговорност на сите.
Во рамки, пак, на превентивната активност под мотото „Превенција за заштита од топлотен удар“, а во контекст на сериозните климатски прилики во изминатиов, но и во периодот што претстои, од страна на полициските службеници на патниците им беа давани сугестии за задолжителна внимателност и одмор при возење, а дополнително беа споделени и шишиња ладна вода за пешаците, за возачите и нивните сопатници, при влез и излез од Република Северна Македонија.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles