21 C
Struga
Sunday, May 19, 2024
spot_img

Со зголемување на онлајн продажбата се зголемува и бројот на измамени купувачи

Ковид пандемијата ги смени куповните навики на граѓаните. Во последниот извештај за платежната статистика на Народна банка се регистрира годишен раст од 59% на он лајн трансакциите. 

Вкупната вредност во 2021 година изнесува 437 милиони евра, од кои 335 милиони завршиле кај македонските онлајн трговци. Сепак расте и бројот на незадоволни купувачи, кои порачале едно, а добиле сосема друго.

Некои се задоволни, а други пак сметат дека прво треба да се види што се купува, а потоа да се плати.

Со измамите се запознаени во Организацијата за заштита на потрошувачите. Истражувањето покажало дека околу 90% од он лине страниците се нелегални и не се регистрирани во Централниот регистер. 

-Најголем дел од предметите за онлајн продажба се однесуваат за измами преку фејсбук, каде што тие не можат доколку не им се допаѓа предметот да го вратат. Овде (обична продавница) имате рок од 15 дена да го вратите доколку на пример некој текстилниот производ  не е оштетен, не му се извадени пломбите, додека при онлајн немаме таква можност. Особено, затоа што го затвора профилот и не постои тој човек. Се создава впечаток дека е легална продавница, меѓутоа ги нема после тоа, изјави Маријана Лончар Велкова, Организација за заштита на потрошувачите.

Откако профилот ќе биде затворен, сајбер полицијата и државниот пазарен инспекторат тешко ги наоѓаат измамниците.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles