12 C
Struga
Wednesday, May 1, 2024
spot_img

Состојбата со грипот е вообичаена за овој период од година, паника е непотребна, порачуваат инфектолозите

Вообичаена состојба за зимските месеци е зголемениот број пациенти со грип и не треба да се крева паника, велат инфектолозите. Загадениот воздух е исто така фактор кој влијае вирусите полесно да се шират и да опстојуваат, дури и проветрувањето на просториите во кои се престојува е ризик доколку загаденоста надвор е голема, смета Видиниќ.

„Едноставно тоа е нормална појава секоја година. Сезоната е таква, воздухот е таков каков што го дишеме и целата ситуација прави да имаме зголемен број на случаи. Ситуацијата кај нас е горе-долу стабилна. Имаме зголемен број на амбулантски прегледи, но бројот на хоспитализации е вообичаена бројка за овој период од годината“, изјави доктор Иван Видиниќ од Универзитетската клиника за инфективни болести

Во моментов на Инфективната клиника во најголем број случаи се хоспитализираат повозрасни лица, лица со хронични болести кои се третираат со соодветна терапија. Што се однесува до ковид позитивните случаи на Инфективната клиника, хоспитализирани се десет пациенти, дел од нив се на кислородна поддршка.

„Состојбата со ковид-19 е исто стабилна. Има мало зголемување на бројот на прегледи, пред се амбулантски, но тоа се должи на периодот во годината во која што сме, престојување во затворени простории, празниците кои поминаа. Тоа е таа вообичаена варијанта која и претходно доминираше со Омикрон и од тој аспект нема простор за паника, но секако дека се појавуваат и нови варијанти, како ќе биде со нив ќе видиме наредниот период кога ќе дојдат кај нас“, додава Видиниќ.  

Светската здравствена организација предупреди дека новиот сој на Омикрон XBB.1.5. наречен „Кракен“, кој веќе ја зафаќа Америка е најзаразната подваријанта на ковид-19 до сега. Во меѓувреме и Европската унија донесе препорака до сите земји членки да ги тестираат патниците кои доаѓаат од Кина, но не успеа да договори задолжително тестирање на коронавирус.

Новата подваријанта на Омикрон е откриена и во Бугарија, покажуваат податоците на Националниот центар за инфективни и паразитски болести. За сега таа е откриена кај два од примероците, на пациенти од Пловдив и од Софија.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles