16.3 C
Struga
Sunday, May 19, 2024
spot_img

Советот на ЕУ загрижен за безбедноста на новинарите во Македонија

Македонија треба да продолжи со напорите да им обезбеди на новинарите и медиумските работници поголема безбедност при извршувањето на нивните работни задачи. Во заклучоците на Советот на Европа, меѓу другото, се наведува:

„Советот ја повикува Северна Македонија да продолжи со напорите за зајакнување на слободата на изразување и безбедноста на новинарите.“

Во јули 2021 година Министерството за правда предложи измена на Кривичниот законик. Во рамките на овие измени, беше предвидено новинарите и другите медиумски работници да бидат ставени во рамките на категоријата вработени заштитени од државата, како адвокатите, лекарите, судиите, обвинителите. Со тоа би се зголемил и степенот на казнување на прекршителите на нивната слобода. Се прават измени на членовите 123, 139 и 144.

„Во делото убиство кое е прво дело во посебниот дел од Кривичниот законик, член 123. Во точката 8 од тој став, квалификуваната форма, кога велиме квалификуваната форма е отежната форма, каде што казната е поголема. За обично убиство казната е 5 години, додека за квалификувано убиство казната е 10 години или доживотен затвор. Во точката 8, каде досега беа адвокати или други вработени во службени должности, додадени се новинарите, како и други вработени во медиумите. Одбраната веќе ќе биде сеопфатна бидејќи секаде каде што има вжештени ситуации секогаш има новинари и тие заслужуваат заштита. Не се ретки случаите кога новинарите страдаат обидувајќи се да информираат.“

Предлог-законот за измени и дополнувања на Кривичниот законик, во јули влезе во Комисијата за европски прашања, но таму само беше усвоен како точка на дневниот ред. Процесот на понатамошното процесирање не продолжи бидејќи во август Собранието не работеше, потоа имаше локални избори, па проблеми со собраниското мнозинство. Од Европската комисија велат дека разгледувањето на предложените измени се очекува да се случи следната недела. На пленарна седница законите со европско знаменце мора да бидат одобрени во рок од три дена.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles