9 C
Struga
Tuesday, March 19, 2024
spot_img

Силекс, Македонија ЃП, Струга и Шкендија во полуфиналето на купот

Вистински хаос на теренот во Чаир се случи кога гостинскиот играч Дашмир Елези постигна гол за Шкендија и се израдува пред навивачката група Шверцери по што неколку лица влегоа на теренот и ги нападнаа фудбалерите од Тетово а беа фрлани и предмети и пиротеника. Настана хаос во кој не се гледаше кој кого удара.  Фудбалерите на Шкендија се бранеа со помош на домашните фудбалери а експресно реагираше и полицијата и специјалците кои  спречија  поголем инцидент. 
По ова мечот по само 10 минути игра беше прекинат а ФФМ на итна седница на натпреварувачката комисија го суспендираше теренот на Шкупи кој следните првенствени и куп средби ќе мора да ги игра на стадион 100 километри одалечен од Скопје. 

На останатите три средби од купот се играше фер фудбал по што Силекс , Струга и Македонија ЃП  обезбедија пласман во полуфиналето. 

Во кратово мрежите мируваа во регуларниот дел од средбата па се шутираа пенали по што Силекс славеше против големиот ривал Вардар со 3-2.

За Силекс погодија Ристовски, Љамалари и Стојчевски, додека Гачевски им ги одбрани ударите на Алиу и Цветаноски. За Вардар погодија само Мицевски и Маркоски, додека непрецизни беа Глишиќ, Ристески и Попзлатанов

Во Струга домашниот тим Трим Лум славеше со 2-0 против Брегалница и тоа со головите на Малиќи во 2-та и Шабани во 59-тата минута .

Во Ѓорче Петров пласманот во полуфиналето го реши Адама Самаке кој го постигна единствениот погодок во победата на Македонија ЃП против Академија Пандев. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles