6 C
Struga
Sunday, April 28, 2024
spot_img

Се подготвува нов закон: Задолжително осигурување на земјоделските посеви – услов за субвенции

Новата реформа на земјоделскте субвбенции неодамна најавена од Владата наиде на бројни рекации. 

Една од мерките која се предвиедува е задолжителното осигурување на земјоделското и сточарското производство кое ќе биде законска обврска и услов за добивање субвенции. Ова според левица е само уште еден удар врз индивидуалниот земјоделец. Тие во своето соопштение наведуват дека владата наместо да им помогне во време на криза да произведуваат храна таа ги уценува со задолжтелна давачка за осигурање.

-Како и многу пати досега, оваа Влада се оградува од своите задачи, обврски и одговорности, па истите ги префрла на товар на индивидуалните земјоделци

Задолжителното земјоделско осигурување нема да спречи појава на град, суша, поплава и други непогоди, туку нив ќе ги спречат ефикасни градобијни системи, квалитетна мрежа за наводнување и одводнување, односно исчистени канали во полињата.

Од министерството за земјоделство уверуваат дека со оваа голема реформа земјоделците ќе имаат поголема сигурност во производството. Во првите години осигурањето ќе биде бесплатно а понатаму бидејќи ќе плаќаат сите земјоделци осигурителните полиси ќе бидат поевтини од сега. Во исто време државата ќе формира посебно тело-осигурителен пул и во случај на штета обештетувањето ќе се исплаќа истатат година а земјдоелците ќе бидат заштитени од можните манипулации на осигурителните куќи.

Од министерството појаснуваат дека и по воведување на задолжителното осигурување останува да функционира системот за авионска заштита од град како модел кој досега покажа висока ефикасност од овој вид на непогоди.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles