14 C
Struga
Friday, May 10, 2024
spot_img

Се вратија спасувачите од АРМ – Државата ќе ги награди

Со една успешна спасувачка мисија по две недели војниците се вратија од Турција. Ден откако настана земјотресот тие веднаш заминаа во најпогоденото подрачје. Благодарение на нивната упорност во пребарувањето, 5 годишниот Сулејман беше извлечен жив од урнатините. Амбасадорот на Турција се заблагодари за сета помош која ја испраќа Македонија од каде најбрзо беа испратени спасувачки тимови.

На баталјонот од 60 војници од специјалните сили ќе им биде доделена награда за пожртвуваноста во висина од една просечна плата.

Церемонијата почна со едноминутно молчење за сите настрадани во земјотресот.

Освен спасувачки тимови, Македонија до сега донираше над еден милион евра а преку Црвениот крст беа испратени 2 камиони со помош во храна, хигиенски средства, кревети, греалки, агрегати.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles