16 C
Struga
Saturday, May 11, 2024
spot_img

Серија експлозии во Киев и други украински градови

Серија експлозии се слушнале изутрината во главниот град на Украина, Киев, јави новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на очевидци. Може да се види чад како се издига над Киев по повеќе од 10 експлозии, рекоа очевидци, а електричната енергија, како и мобилните телефонски мрежи паднаа во делови од градот. Регионалните власти во северна, источна и централна Украина, исто така, пријавиле ракетни напади. Ихор Терехов, градоначалникот на Харкив, рече дека градот бил погоден од два проектила кои биле насочени кон „критична инфраструктурна постројка“.

Експлозии беа пријавени и во градовите Запорожје и Черкаси. „Руските губитници продолжуваат да водат војна против цивилните објекти“, напиша Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, во апликацијата за пораки Телеграм. Русија ги засили ракетните напади врз Украина во последните недели откако го обвини Киев за експлозијата која го оштети мостот на Крим.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles