14 C
Struga
Sunday, April 28, 2024
spot_img

СДСМ: Мицкоски има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата

Македонската агенда е европска и европската агенда е и македонска агенда, а единствен што ги става во конфликт е Христијан Мицкоски, реагираат од владејачкиот СДСМ.

„За првпат после 32 години независност, кога граѓаните се определија државата да стане дел од НАТО и дел од ЕУ, еден политичар вели дека европската агенда не е иста со македонската агенда, што значи дека тој има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата. Мицкоски да каже кој е неговиот план, да го каже својот став и да ја каже алтернативата, бидејќи нема разлика помеѓу европската агенда и македонската агенда за евроатлантска интеграција“, велат од СДСМ.

Од партијата сметаат дека за продолжување на европскиот пат на државата потребно е усвојување на уставните измени, кои се дел од Преговарачката рамка, усогласена меѓу 27 земји членки на ЕУ и прифатена од македонското собрание од политичари од различни политички партии.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles