21 C
Struga
Monday, May 6, 2024
spot_img

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ги поткопуваше државните позиции со Бугарија

Мицкоски мора да излезе од деструктивната матрица и наместо за интересите на неговиот ментор Никола Груевски, наместо за туѓи центри на моќ, конечно да почне да работи за интересите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ, во период кога се решаваше евроинтегративниот процес на државата, ширеа лаги преку со кои се обидуваа да ги поткопаат државните позиции со Бугарија, ја плашеа јавноста со наводно распродавање на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и историја, лажеа за некаква асимилација и бугаризација на државата.

По сето тоа, најмалку што можат да направат во Белиот дворец е да им се извинат на граѓаните за тешките лаги што ги пласираа, а потоа и да побараат одговорност од Мицкоски.

Мицкоски мора да излезе од деструктивната матрица и наместо за интересите на неговиот ментор Никола Груевски, наместо за туѓи центри на моќ, конечно да почне да работи за интересите на граѓаните.

И покрај срамното, неодговорно и антидржавно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува да ги брани државните позиции и национални интереси, но и да работи на обезбедување на европската иднина на државата како клучна стратешка цел.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles