17.7 C
Struga
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Евроинтегративната перспектива на регионот, безбедноста и справувањето со последиците од војната во Украина се во фокусот на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана, прв кој се организира во земја која не е членка на Унијата.

Пораки за европската иднина на регионот пред почетокот на самитот упатија и Европските челници, кои најавија и нов енергетски пакет за Западен Балкан тежок 500 милиони евра.

-Апсолутно сум убеден дека иднината на нашите деца ќе биде побезбедна и по просперитетна со Западен Балкан во ЕУ. И работиме многу напорно за да имаме напредок.-Шарл Мишел – Претседател на ЕС.

-Првата тема ќе биде за енергетската безбедност, а ние воспоставивме енергетски пакет Европската Унија предвидува 500 милиони евра што ќе ги добијат земјите од Западен Балкан за помош на нивните буџети и економија и 500 милиони евра за инфраструктура, за инвестирање во обновливите извори на енергија, енергијата на иднината,-Урсула Фон дер Лајен – Претседателка на ЕК.

Македонија во Брисел е претставувана од премиерот Ковачевски кој на социјалните мрежи меѓудругото напиша дека европскиот пат на регионот е трасиран, а иднината на Македонија е во ЕУ. Ковачевски објави и дека на маргините на самитот се сретнал со германскиот канцелар Шолц и францускиот Претседател Макрон со кои разговарал и за скрининг процесот.

-Денеска за време на Самитот во Тирана разговараме за актуелните процеси во Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме. – напиша Ковачевски.

Одржувањето на самитот албанскиот премиер Рама пак го оцени како знак за свесноста на ЕУ дека Западен Балкан и е потребен на Унијата исто толку колку што на регионот и е потребна европската интеграција.

-За нас ова е неверојатно, историско, нешто што дури и најхрабрите во нивната имагинација не би замислиле дека ќе се случи, а се случува и прекрасно е, мислам дека е многу силен знак за свесноста на ЕУ дека на ЕУ и е потребен Западен Балкан исто толку колку што Западен Балкан и е потребен на ЕУ,-Еди Рама – Премиер на Албанија.

По неколку дневна неизвезност дали ќе присуствува или не, во Тирана е и српскиот Претседател Вучиќ кој објасни и зошто ја променил одлуката. 

-Секогаш е подобро да се биде на маса, бидејќи кога не си на маса, тогаш си на менито, ова е добра можност да се заштитат интересите на Србија.-Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

На самитот, претставници на мобилните оператори потпишаа и заедничка декларција за следните чекори за намалувње на роамингот меѓу ЕУ и Западен Балкан. Со договорот од 1 октомври идната година, Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи за плаќање, а во подоцнежните фази се предвидува целосно укинување на роамингот меѓу Западен Балкан и ЕУ.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles