11.1 C
Struga
Sunday, April 28, 2024
spot_img

Русија им се закани на Шведска и на Финска

Портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, штотуку им се закани на Финска и Шведска.

Во соопштението, објавено од руското Министерство за надворешни работи на Твитер, таа објави дека приемот на Финска и Шведска во НАТО ќе има многу сериозни воени и политички последици.

„Сметаме дека посветеноста на финската влада на воената политика на неврзаните е важен фактор за обезбедување безбедност и стабилност во северна Европа. Пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО би имало сериозни воени и политички последици“, објави Захарова..

Руската закана доаѓа откако шефот на НАТО Јенс Столтенберг денеска објави дека ги поканил Финска и Шведска, кои не се членки на воената алијанса, на вонреден виртуелен самит на кој ќе се разговара за руската инвазија на Украина.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles