11 C
Struga
Monday, May 6, 2024
spot_img

Реал денеска го отвора новиот стадион Сантијаго Бернабеу, објект за 21. век

Тоа е прв натпревар на Реал на домашен терен оваа сезона, а посебен е затоа што клубот денеска го отвора реновираниот Сантијаго Бернабеу. Проектот за реновирање чинеше 400 милиони евра, а целосното реновирање траеше три години.

Стадионот доби подвижен покрив, големи семафори и терен кој може да се прилагоди за различни спортови, од фудбал до кошарка и тенис. На пример, на него може да се игра кошарка и тенис во исто време. Во рамките на реновирањето се изградени бројни продавници, кафулиња и хотел.

Реал истакна дека ова е стадион на 21 век и пример за дигиталната иднина. Дополнително на сето ова, тревата може автоматски да се превиткува и вертикално да се наредува во посебна комора сместена под површината на теренот, веднаш до најниското ниво на трибината.

Теренот на Бернабеу во таа длабока комора ги има сите неопходни услови за да остане во совршена состојба; од системи за аерација и наводнување до третман со ултравиолетови зраци кои симулираат сонце. Сцената на расплетот и монтажата на стадионот е особено атрактивна. Стадионот има и видео екран од 360 степени.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles