16 C
Struga
Thursday, May 2, 2024
spot_img

Противпожарен Сојуз Струга: Апел до граѓаните да не се пали оган

Противпожарниот Сојуз-Струга излезе со апел до граѓаните да не палат оган во време кога се соочуваме со многу високи температури.

Оттаму велат дека во Струга владее загрижувачкиот феномен на палење оган насекаде низ општината со што се загрозуваат човечки животи, се предизвикуваат економски последици и штети по животната средина. Потенцираат дека со палењето оган се уништуваат шумите, шумското земјиште, и други рурални и урбани површини.

,,Шумите опфаќаат голем дел од територијата на општина Струга и се скапоцен локален и национален ресурс. Огнот во шумите освен дрвјата ја загрозува и флората и дивата фауна затоа што шумите се нивното живеалиште, нивниот дом. Апелираме за максимална грижа во зачувувањето на шумите, природата и животната средина. Исто така апелираме до сите граѓани, институции, Општинските претпријатија, Шумското претпријатие, ДЗС и полиција за координација на дејствијата и дополнителна грижа во превенција од пожари и мобилизација за гаснење пожари. Посебно апелирамеза мобилизација и зголемено внимание на шумските чувари, активно да ја следат ситуацијата и да ги идентификуваат злосторниците, да ги информираат надлежните органи за лицата кои предизвикуваат пожари.“-стои во соопштението од Противпожарниот сојуз.

Апелираат да ги ги чуваме шумите затоа што тие се скапоцени општински и национални ресурси од кои зависи нашиот живот.

-Биди дел од превенцијата и гаснење на пожари во случаи на појавување на пожар.
Извести ги надлежните органи во твојата Општина за побрза интервенција на бројот 112 и 193.
Помогни им на одговорните институции во справување со пожарот. Ова е граѓанска одговорност и култура да се грижиш за твојата земја кога таа има потреба. Палењето оган е казниво со закон.-стои во објавениот апел.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles