23 C
Struga
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Просечно 10 до 15 луѓе дневно се јавуваат на брза помош поради мозочен удар

Расте бројот на граѓани со мозочни удари во Македонија. Дури 10 до 15% од вкупниот број на дневни повици кон итната помош се токму за мозочни удари.

Само во Скопје во просек 10 до 15 луѓе дневно се јавуваат на Брза помош поради мозочен удар, состојба која повеќе не е болест само на повозрасната популација, а речиси секој втор граѓанин влегува во ризичната група поради начинот на живот, нивото на стрес, дебелината и хроничните состојби како висок притисок и срцеви заболувања, нездрава исхрана и физичка неактивност, алармираат невролозите.

Од службата за Брза помош кои се првите што асистираат за пациентот со доживеан удар на време да добие терапија за да се избегне поголем инвалидитет велат дека клучно е да се препознаат симптомите кои вклучуваат парализиран дел на телото, одземена страна на лицето и отежнат говор, за веднаш да се знае дека во ваков случај не помагаат шеќер и вода, туку неопходна е итна лекарска грижа.

Од невролошкото здружение денеска организираат скрининг низ цела Македонија и преку прегледи на крвниот притисок и шеќерот утврдуваат кои граѓани имаат ризик за мозочен удар и им даваат совети. Помеѓу нив, имаше и такви кои пред неколку месеци доживеале удар, па и тие добиваа медицински препораки.

Инаку, само лани регистрирани се 25.000 случаи на мозочни удари во Македонија, а најмладиот пациент на Клиниката за неврологија со ваква состојба е тинерџер на 14 години.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles