11.5 C
Struga
Tuesday, May 7, 2024
spot_img

Продолжува расправата по законите за новите коридори, гласањето во пакет до крајот на неделата

Без план за изградба, никој не знае кои стратешки државни објекти и гасоводи ќе треба да бидат дислоцирани, за да бидат изградени коридорите 8 и 10 Д. Опозицијата критикува дека законот за градење за кој финишира расправа е само за да се заштитат интересите на партиската елита на СДСМ и ДУИ. Власта пак во одбрана на предложените закони, вели дека изградбата на коридорите се од клучно значење не само за државата туку и за регионот.

Во жестока дебата и во комисијата за европски прашања, опозицијата бара власта да одговори дали е можно ново вето, со злоупотребата на европското знаме. Министерот за финансии уверува дека дека постапката е транспарентна.

Законските измени поврзани со Договорот за Бехтел и Енка влегуваат во конечна фаза за нивно донесување. Останува пратениците комисиски да расправаат и за последниот предлог законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и 10д, по скратена постапка.

Досега мнозинството ја заврши расправата за за законите за работни односи и законот за урбанистичко планирање без притоа да прифати ниту еден амандман на опозицијата.

Наместо секојдневно гласање, власта во пакет до крајот на неделата ќе гласа за законите за изградба на коридорите 8 и 10д. Така мнозинството само еднаш ќе се состане за обезбедување на кворум за гласање.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles