19 C
Struga
Thursday, May 9, 2024
spot_img

Претставени се главните новитети на Саемот за автомобили во Минхен (ФОТО)

По неколку години прекин поради ковидот, почнаа да се враќаат големите саеми.

Германската автомобилска индустрија сè уште е исклучително моќна. Процесот на електрификација и популаризација на електромобилноста се вжештува, а конкуренцијата е жестока. Особено онаа од Кина, која веќе ѝ покажа на Европа што може и колку може.

Во Минхен нема многу изложувачи, но таму се германските марки. Така, BMW имаше исклучително важен концепт Vision Neue Klasse кој ја најавува блиската иднина во особено важен сегмент каде што денес се наоѓа Серијата 3.

И Мерцедес понуди одговор. Неговиот концепт со добро познатото име CLA привлекува внимание со својот елегантен дизајн, многу конкурентни погони, но и со тоа што со него се најавуваат ни помалку ни повеќе туку четири нови модели. Другите, како што се Opel и особено Volkswagen, понудија свои новитети.

Кога станува збор за Volkswagen, тука во фокус е електричната енергија. Во првиот ред тоа е новиот електричен модел GTI чие сериско производство е веќе потврдено. Тука е и Cupra, најбрзо растечкиот европски бренд кој го одржува темпото од неговото лансирање во 2018 година.

На листата на нови производи се најде и Renault со својот Scenic. И тука зборуваме за електричниот модел E-Tech, кој со своите карактеристики идеално ги задоволува потребите на просечното европско семејство.

За жал, има и друга страна на овој голем настан. Ваквиот собир беше доволен да привлече бројни активисти, меѓу кои секако најактивен е Гринпис.

Нивната оригиналност не може да се оспори, па посетителите можеа да видат потонати автомобили со порака „Автоиндустријата ја потона заштитата на климата“. Имало и огромни транспаренти од 40 метри со јасни пораки, како и низа акции.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles